
Дебакл на македонските одбојкарки против Швајцарија, во два сета не дојдовме ни до десет поени!
Македонските одбојкарки беа многу далеку од нивото на противничките кои не само што победија, туку тоа го направија и преубедливо.
Во првиот сет Македонија освои само седум поени. Покажавме мускули во вториот сет во кој освоивме 16 поени, а во третиот последен сет реализиравме само шест поени.
Стојовска беше најефикасна во нашата селекција со седум поени.
Нареден предизвик на Македонија во Сребрената европска лига е вториот турнир кој ќе го играме во Фарските острови, таму покрај домаќинот, противник ќе ни биде и Австрија.