
Србин доаѓа на кормилото на Струга?
54-годишниот Аничиќ е на чекор да го преземе кормилото на Струга ТЛ. Тој би дошол од албанскиот клуб Партизани каде минатата сезона му беше помошник на Александар Веселиновиќ.
Аничиќ би бил втор странски тренер на Струга по Шпетим Дуро од Албанија.
Овој српски стратег има искуство со работа во тимови од регионот, најмногу од Србија и од Црна Гора.
Струга по крајот на сезоната се раздели со Илчо Ѓорѓиоски и наскоро треба да го назначи тренерот кој ќе ги предводи во новата сезона.