
Партизан му даде 114 поени на Дубаи, лесно го победи за место во АБА финалето
Мечот не почна добро за Партизан, Дубаи ја доби првата четвртина и тоа убедливо со 32-23. Но како одминуваше времето работите почнаа да се менуваат, на одморот се отиде со 53-52 за Дубаи.
Мечот беше решен во третиот период кој Партизан го доби со 34-20, создаде голема предност која ја задржа до самиот крај за убедлива победа од 114-97.
Вашингтон со 18 поени беше најефикасниот кошаркар кај Партизан, Браун даде 17, а Џонс 16. Во составот на Дубаи Бертанс даде 18 поени.
Црно-белите за титулата во АБА ќе се борат со подобриот од дуелот меѓу Будиќност и Црвена звезда, меч кој се игра вечерва.