
Гостинските екипи на Купот на Македонија ќе имаат поддршка од по 150 навивачи
Тие ќе бидат сместени на различни трибини, со цел да нема нереди меѓу нив во текот на натпреварите. Со оглед на тоа што салата „Билјанини извори“ во Охрид собира околу 3.000 гледачи, навивачите на екипите на секој натпревар ќе пополнат 10% од капацитетот.
Најголемата поддршка, секако, ќе ја има домаќинот Охрид кој викендов ќе се обиде да го освои првиот трофеј во клупската историја. Првиот полуфинален натпревар, меѓу Алкалоид и Вардар се игра денеска од 17 часот, а вториот е од 19:30 и во него се среќаваат Охрид и Пелистер.