
Нунев: Сите добро се познаваме, за победа ќе биде пресудна желбата!
Вардар во првиот натпревар ќе се соочи со Алкалоид кој го брани трофејот, а како што вели Нунев пресудна за победа според него ќе биде желбата за триунф.
Благодарност до ГРК Охрид и градот за условите, прекрасно е да се биде тука. Шансите на сите екипи се еднакви, купот е такво натпреварување во кое кој повеќе ја посакува победата, тој ќе победи. Пресудна е желбата во вакви натпревари. Екипите се тие, доволно се познаваме и имаме многу меѓусебни натпревари. Се надевам се ќе биде во ред, одиме меч по меч. Прво против Алкалоид, да одиграме како што знаеме, а потоа ако стигнеме во финале да го освоиме трофејот“, изјави Нунев.
Натпреварот помеѓу Вардар и Алкалоид е прв на турнирот и стартува во 17:30 часот.