
Шундовски: Купот носи изненадувања, Пелистер сака конечно да го освои трофејот!
Последниот трофеј во купот Пелистер го овои во 2005 година, па поради тоа желбата на битолскиот состав да дојде до трофејот е огромна. Претствник од редовите на Пелистер на денешната прес-конференција беше извршниот директор Звонко Шундовски.
„Фајнл-форот секогаш буди посебни емоции, ова е еден трофеј кој сите го посакуваат. Ракометниот клуб Пелистер долго време го нема освоено овој трофеј и пристигнува тука со желба да го врати трофејот во своите витрини. Купот секогаш носел изненадувања, така мислам дека ќе биде и сега. Ние знаеме дека тука не победуваат секогаш фаворитите и затоа се подготовувамве максимално за сите натпревари. Одиме чекор по чекор и прво размислуваме за пласман во полуфинале, па потоа и за трофејот', изјави Шундовски.
Пелистер во денешното полуфинале ќе се соочи со екипата на Охрид во терминот од 19:30 часот.