
Агентот на Олмо им врши нов трансфер на „каталонците“: Барса ќе добие нов голман
На Твитер има хаштаг „Ter Stegen out“ кој го креираа токму фановите на каталонскиот тим и не е исклучена можност Германецот по 11 години во екипата, да ја напушти Барса. Ситуацијата дополнително ја загреа информацијата на тамошните медиуми дека раководството на клубот е во активна потрага по нов голман и веќе паднал изборот за позицијата на голот.
Наводно, тоа ќе биде досегашниот голман на Еспањол, Жоан Гарсија чиј агент е застапникот на Дани Олмо, Енди Бара со кого раководството на Барселона е во одлични односи. Отштетата за Гарсија изнесува 25 милиони евра, а со оглед на тоа што тој инсистираше да му биде гарантирано место во стартната постава, најверојатно Тер Штеген нема да ја прифати ситуацијата и ќе си замине од Барселона. Шчесни би останал како резервна варијанта бидејќи како таков тој и дојде во каталонскиот тим.
Наводно, приоритет на Гарсија бил заминување во Англија, но Бара одиграл важна улога во тоа да го убеди да се пресели во градскиот ривал.