
Тој им донесе трофеј, а Тотнем му подготвува отказ на Постекоглу!
И покрај тоа што им донесе трофеј од Лига Европа, во Тотнем решиле да се разделат со Постекоглу.
Оваа вест е шокантна ако се знае колку долго овој клуб чекаше да освои трофеј.
Го отпуштија Мурињо на неколку дена пред финале, а сега го отпуштаат Постекоглу по освоен трофеј.
Многумина веќе го доведуваат во прашање менталитетот на сопственикот Даниел Леви, дали тој сака да биде победник или е задоволен само со учество во натпреварувањата.
Наводно кандидати за нов тренер на Тотнем се Томас Франк и Марко Силва.