
Охрид добива уште едно натпреварување, ќе игра и Македонија!
Станува збор за репрезентативно натпреваување кое би го носело името „Трофеј Македонија“ и во кое би учествувала македонската женска репрезентација и уште неколку други селекции, но повеќе детали засега не се откриваат.
„Имаме одлична соработка со градот Охрид и токму затоа се одлучивме овој настан да се одигра тука. Охрид има публика, има услови и навистин сум среќен што сме тука. Оваа прилика ќе ја искористам и да најавам дека веќе преговараме за формирање на ново натпреварување „Трофеј Македонија“ каде што би настапила нашата женска репрезентација. Останатите учесници не се дефенирани, но би станувало збор за уште неколку други репрезентации. Сигурен сум дека овој турнир би донел дополнителна вредност на градот“, најави претседателот на РФМ, Александар Стефанов.