
Официјално: Евролигата со повеќе клубови од новата сезона!
Како што беше најавено, Валенсија и Дубаи добија специјални покани за учество, додека израелскиот Хапоел Тел Авив обезбеди пласман како победник на Еврокупот.
Така со сигурност дел од најсилното европско натпреварување остануваат екипите на Партизан и Звезда кои потишале тригодишни договори. Исто така разрешени се и дилемите со екипите на Виртус Болоња и Париз, па и тие две ќе бидат дел од новиот формат. За разлика од нив германската Алба нема да се натпреварува во сезоната која следи.
Со проширувањето, лигата ќе брои 20 екипи и ќе се игра во добро познатиот формат во два натпревари секој против секого што значи вкупно 38 кола во регуларниот дел и четири дополнителни натпревари во споредба со досегашниот систем.
Во сезоната 2025/26 на Евролигата ќе учествуваат: Анадолу Ефес, Монако, Басконија, Олимпија Милано, Барселона, Баерн Минхен, Фенербахче, Асвел, Макаби Тел Авив, Олимпијакос, Панатинаикос, Париз, Реал Мадрид, Виртус Болоња, Жалгирис, Партизан, Црвена звезда, Хапоел Тел Авив, Валенсија и Дубаи.
Фото: KK Crvena zvezda/FB