Вардар и Пелистер во битка за српски среден бек од Целје!?

Македонските ракометни гиганти Вардар и Пелистер ќе водат голема борба на трансфер-маркетот за потписот на српскиот среден бек од Целје, Вукашин Антонијевиќ.

Ракометниот агент и поранешен играч Хен Ливгот објави дека се води македонско дерби за потписот на талентираниот ракометар кој привлече големо внимание со солидните настапи за Целје.

Антонијевиќ има само 21 година и висок е 184 сантиметри, а за словенечката екипа игра веќе три години, односно од 2022 година, откако претходно го носеше дресот на Металопластика Шабац.