Мирчевски се врати дома - ќе игра за македонскиот вицепрвак!

Македонскиот вицешампион Силекс вечерва промовира големо засилување за новата сезона, а тоа е Мартин Мирчевски кој доаѓа во Македонија од босански Железничар.

Мирчевски минатата сезона ја помина во тимот од Сараево, а настапи на 18 меча во сите натпреварувања и запиша само две асистенции, меѓутоа сега се сели во Кратово и треба да му помогне на клубот да ги оствари високите амбиции за следната сезона.

Искусниот фудбалер претходно играше за Вардар, Брера, Беласица, Победа и Пелистер во Македонија, а го носеше и дресот на Трепча во Косово и ТСЦ Бачка Топола во Србија.