
Луис Енрике е чудо: Ги „избрка“ сите ѕвезди и ја освои титулата
Во Франција „палеше“ таа стратегија бидејќи ПСЖ стана доминантна сила во земјата, го помина Сент Етјен и сега е најтрофеен клуб. Во Лигата на шампионите долго време не успеваше да стигне до самата завршница, се до 2020 година кога во корона-шемата некако дојде до финалето и таму загуби од машинеријата на Баерн.
Пред две години од екипата си заминаа Лионел Меси и Нејмар, а на клупата дојде Луос Енрике што се покажа како најважен потпис во поновата историја на клубот. Во тимот се уште беше Килијан Мбапе, лани ПСЖ дојде до полуфиналето, но повторно изостана последниот чекор. Минатото лето и Мбапе си замина, сметајќи дека со Реал ќе има повеќе шанси да ја освои титулата во Лугата на шампионите, но излезе дека тоа е негова погрешна, а на Луис Енрике правилна проценка.
Без ниедна мега-ѕвзеда во тимот, со „стаклен“ Дембеле и многу млади и анонимни фудбалери, Луис Енрике успеа да ја освои титулата и да го освои долгогодишниот сон на навивачите на ПСЖ. Ова е негова втора титула во елитното натпреварување, но освоена на дијаметрално спротивен начин од првата, пред 10 години со Барселона. Тогаш во составот ги имаше некои од најголемите ѕвезди во светскиот фудбал, Меси во топ-форма, Нејмар и Суарез исто така, па и освоениот трофеј не беше големо изненадување. Ова сега е сосема друга приказна и затоа дава дополнителна тежина на она што го прави еден од најдобрите, но и најпотценети стручњаци на денешнината.