Куртоа неизвесен за натпреварот против Македонија

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа би можел да го пропушти натпреварот против Македонија, в петок во Скопје, објавија од неговиот клуб.

Искусниот чувар на мрежата има повреда на грбот и потребен му е одмор од најмалку една недела. Со оглед на тоа што Реал од 18 јуни го очекува настап на Светското клупско првенство, на стручниот штаб на мадридскиот клуб му е особено важно првиот голман да биде здрав и подготвен за настап.

Претстојниот натпревар во Скопје за Белгија ќе биде прв во квалификациите за Светското првенство, додека за македонската репрезентација е трет откако во март се сретна со Лихтенштајн и Велс.