
Инзаги одлучи - си оди од Интер!
Попладнево тој имаше состанок со најтесното раководство на клубот на кој ги известил челниците дека ќе ја прифати понудата од саудискиот Ал Хилал. Промоцијата во новиот клуб може да се очекува многу скоро затоа што Ал Хилал ќе учествува на претстојното Светско клупско првенство каде првиот меч го има на 18 јуни против Реал Мадрид.
Информациите од Италија велат дека Инзаги во Ал Хилал ќе заработува годишно по 30 милиони евра.