
Грците беа силни кога не сакаа да играат во Скопје, ама денеска се - кротки како јагниња!
Алкалоид го доби дуелот со службени 10-0 и официјално беше промовиран како победник во Европскиот куп, по што следуваат илјадници честитки од сите адреси, додека од таборот на тимот од Атина – молк. Грците беа силни и пишуваа соопштенија буквално „сто на час“ кога одбија да играат во македонската престолнина, но сега и часови по соопштувањето на одлуката на ЕХФ нема никаква реакција од нивна страна.
Единствени што за ова пишуваат се мал дел од грчките медиуми, кои само ја пренесуваат веста дека нивниот тим ја загубил битката на „зелена маса“ и дека дополнително може да добијат и двегодишно исфрлување од сите европски натпреварувања.