Голем гест од Флик: Бонусот за Ла Лига го подели со целиот стручен штаб!

Тренерот на Барселона, Ханси Флик има многу добри резултати по доаѓањето во каталонскиот гигант, а еден од успесите беше освојувањето на трофејот во Ла Лига поради што управата решила да му исплати бонус, но Германецот направи голем гест.

Германецот не ги задржал сите пари за себе од бонусот, туку го поделил со останатите членови на стручниот штаб, па така секој од нив добил по 10.000 евра.

Флик ја заврши првата сезона со Каталонците со 60 одиграни меча, односно 44 победи, седум ремија и девет порази во сите натпреварувања, а притоа екипата постигна 174 голови и прими 72 погодоци.

Фото: Facebook/FC Barcelona