
Најзаслужниот за куп-трофејот на Вардар се сели во Германија!
Јагуриновски го одигра најдобриот меч во кариерата против Пелистер во финалето на Купот на Македонија, а во разговор за германските медиуми посочи дека сега е време за нов предизвик во неговата кариера.
„Ова за мене е важен чекор во кариерата. Конечно да излезам од зоната на комфорот, да заминам во нова земја и да играм во една од најдобрите лиги во светот. Десау-Рослауер ХВ е екипа со традиција и амбиции. Ќе дадам сè од себе за успеси на екипата“, кажа Јагуриновски.
Десау-Рослауер ХВ се натпреварува во втората германска лига, а на едно коло пред крајот се наоѓа на деветтата позиција со 31 освоен бод.
Репрезентативецот на Македонија во кариерата претходно играше за Металург, Пелистер, Вардар, Тинекс и други екипи.