
Неџипи го напушти Шкупи и веднаш си најде нов клуб!
Проблемите со кои се соочува Шкупи го натераа Неџипи да замине од чаирскиот клуб каде што од 2024 година ја извршуваше функцијата спортски директор.
Тој се враќа во косовскиот клуб Балкани каде што работеше и претходно.
Неџипи како фудбалер потекнува од младинската школа на Слога Југомагнат, денешен Шкупи, играше и за Херта, Волфсбург, Вардар, Работнички, Карабах, Шкендија, Васлуи, Партизани...
По завршувањето на кариерата стана спортски директор и веќе смени неколку клубови со оваа функција.
Фото: Fb/Balkani