Швјонтек не издржа, Сабаленка е прва финалистка на Ролан Гарос!

Првата носителка на светската ранг-листа, Арина Сабаленка драматичен меч славеше победа над Ига Швјонтек со 2-1 во сетови (7-6, 4-6, 6-0) во првото полуфинале на Ролан Гарос.

Борбата меѓу едни од најдобрите светски тенисерки донесе 13 направени брејкови и бројни неизнудени грешки, но решавачкиот сет помина целосно во знакот на Белорусинката.

Првиот сет заврши по 79 минути игра во тесен тај-брејк, кој Сабаленка го доби со нервозна, но цврста игра. Иако Швјонтек успеа да се врати во вториот сет и со брејк во десеттиот гем да израмни на 1-1 (6-4), не успеа да го одржи ритамот и психолошката предност.

Третиот сет помина без вистински отпор од страна на поранешната шампионка. Сабаленка веднаш тргна со брејк, а потоа го наметна темпото и со убедливи 6-0 ја завери својата виза за финалето.

Ова беше меч кој многумина го нарекоа „финале пред финалето“, со оглед дека се соочија двете најголеми фаворитки за трофејот. Во второто полуфинале, денеска ќе се Французинката Лоис Босон и Американката Коко Гоф која е втора на ВТА листата.

ФОТО: EPA-PHOTO