Ванда си најде нова „жртва“ – поранешен соиграч на Икарди! (ФОТО)

Аргентинскиот новинар Јани Торе тврди дека познатата старлета и бизнисменка Ванда Нара наводно започнала љубовна врска со мароканскиот репрезентативец Ашраф Хакими, кој своевремено беше соиграч со Мауро Икарди во редовите на ПСЖ.

Дополнителна поткрепа за ваквите тврдења, според Торе, е присуството на Ванда на финалето од Лигата на шампионите во Минхен, каде играа ПСЖ и Интер. Таа јавно ги поддржа Парижаните, а тоа го потврди и преку објави на својот Инстаграм профил.

Во една од објавите, Нара особено го истакна токму Хакими, кој славеше со соиграчите, а додавајќи на шпански јазик: „Ви кажав“.

Новинарот откри и дека Ванда престојувала во истиот хотел во Минхен каде биле сместени фудбалерите на ПСЖ и нивните семејства, а присуствувала и на прослава по освојувањето на титулата во најелитното европско клупско натпреварување.

„Снимаше реклама во Италија, а потоа ѝ испратија авионски билет, резервација во хотел и влезница за финалето“, додаде Торе.