Кипријановска се пресели во Унгарија: Ми се исполни сонот!

Репрезентативката на Македонија, Јован Кипријановска својата кариера ќе ја продолжи во Унгарија и тоа во редовите на Сомбатхељ.

Македонката во овој клуб пристигнува од францускиот Самбр. Како што вели Кипријановска за неа овој трансфер е остварување на сонот бидејќи ќе игра во едно од најсилните првенства.

Многу сум среќна што можам да бидам дел од овој тим. Со нетрпение ги очекувам новите предизвици и можности, со цел да постигнеме нешто големо со клубот, а истовремено и јас да напредувам. Верувам дека оваа екипа е способна за големи резултати, затоа што веќе докажа дека кај нив сè е возможно. Ова е голема радост за мене ми се исполни сонот шѓто можам да ја продолжам својата кариера во една толку силна лига како унгарската, која е полна со одлични екипи и играчи. Едвај чекам да започнеме со заедничка работа, да се запознаам со сите, и се надевам дека ќе славиме многу победи заедно! Напред Сомбатхељ!“, изјави Јована Кипријановска по повод нејзиниот трансфер.