
Ќе гори „Јане Сандански“: Распродадени билетите за дербито меѓу Вардар и Пелистер!
Вардар и Пелистер во директна пресметка ќе се борат за шампионскиот пехар во македонската Суперлига, откако пред неколку дена „црвено-црните“ триумфираа против битолчани во финалето на Купот на Македонија.
Двете екипи во моментов имаат по 19 бодови во Суперлигата, додека Алкалоид се наоѓа на третата позиција со 11 поени.