„Тоа што ќе бидам капитен против Македонија, значи дека нешто сум покажал“

На денешната прес-конференција на Арената „Тодор Проески“ заедно со селекторот на Белгија, Руди Гарсија присуствуваше и фудбалерот Томас Муние.

Муние утре во Скопје ќе ја носи капитенската лента, а верува дека тоа е доказ за неговата добра сезона на клупски план. Исто така капитен Муние беше и во дуелот со Ирска.

„Колку што се сеќавам на официјални мечеви против Ирска и на клупски натпревари против Бриж. Тоа што јас сум одбран за капитен веројатно е поради тоа што сум го покажал во репрезентацијата и имав добра сезона во Лил. Точно е дека имаме и други лидери во составот и тоа е добро, засега капитените се менуваат, мене ми е задоволство и голема чест што ја носам таа титула за овој натпревар“, вели Муние.

Натпреварот помеѓу Македонија и Белгија се игра во терминот од 20:45 часот.