Интер вмешан во голем финансиски скандал!?

Според информациите на одредени италијански медиуми, Интер е дел од најголемиот финансиски скандал после „Калчополи“.

Наводно, Интер добил близу 300 милиони средства од фиктивни азиски спонзори од 2016 до 2019 година и тие ги користел за да го избегне Финансискиот фер плеј.

Додека другите клубови биле казнувани, Италијанската фудбалска федерација дури и му помагала на Интер да избегне санкции.

Дали овој случај ќе влезе во процедура и Интер ќе се соочи со санкции ќе се знае во наредниот период.