
Отворањето на „Камп Ноу“ е одложено, Барселона ќе ја почне сезоната со четири гостувања!
Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона побарала да ги игра првите четири средби од сезоната 2025/26 на гостински терен, а раководството на Ла Лига го прифатила барањето.
Доколку сè биде во ред и нема дополнително одложување на отворањето на стадионот, тогаш Барселона ќе се врати на „Камп Ноу“ на средината или крајот на септември.