
И Мурињо како Анчелоти, ќе стане селектор ова лето!?
Негов прв избор е Жозе Мурињо кој јавно кажа дека сака да биде селектор на Португалија и не би пропуштил ако повторно добие повик.
Мурињо ја одби Португалија за да остане во Рома, но брзо потоа доби отказ од челниците на волчицата.
Тој го откри тоа и рече дека нова шанса за селекторската позиција на Португалија не би пропуштил.
Се пишува дека престојните натпревари на Португалија ќе бидат последни за Роберто Мартинез како селектор.
Селекторската смена може да биде проблем за Кристијано Роналдо кој тешко дека и кај Мурињо ќе добие доверба доколку не е подобар од конкуренцијата.