Фернандеш објаснува зошто го одби Ал Хилал: Ниту мене, ниту на Јунајтед му требаа парите!

Капитенот на Манчестер Јунајтед реши да остане во клубот и покрај богатата понуда од Саудиска Арабија.

Тој ги одбил парите и решил да остане на Олд Трафорд.

„Имав можност, претседателот на Ал Хилал ми се јави и праша дали сакам да одам таму, jас го одбив“, објаснува Бруно Фернандеш.

„Тие ме чекаа, потоа зборував и со Аморим, тој ме замоли да не одам. Манчестер Јунајтед не сакаше да ме продаде“.

„На Манчестер Јунајтед не му требаа парите, тие рекоа не. Тоа беше многу амбициозна понуда, беше лесен трансфер, дури и за семејството, но јас сакав да продолжам да играм на највисоко ниво, да играм во големите натпреварувања“.