Екс-фудбалер на Арсенал осуден на затворска казна од четири години!

Поранешниот фудбалер на Арсенал Џеј Емануиел-Томас е осуден на четиригодишна затворска казна поради обид за шверц на канабис вреден 600.000 евра.

Емануел-Томас бил уапсен додека се обидувал да ја пренесе дрогата во два куфери откако во Велика Британија пристигнал со лет од Банконг на 2 септември минатата година.

Како што објави Националната криминалистичка агенција во двата куфери биле пронајдени 60 килограми канабис.

Фудбалерот бил осуден за увоз на дрога од „Б“ класа. Инаку, Томас кариерата ја започна во Арсенал, но за првиот тим на „топџиите“ одигра само пет натпревари, подоцна кариерата ја градеше во Чемпионшип.

Во вториот ранг од англискиот фудбал беше дел од Ипсвич, Блекпул, Кардиф, МК Донс, Квинс Парк Ренџерс и Бристол Сити, денес е член на второлигашот Мортон.