Модриќ уште утре ќе потпише за Милан!?

Хрватската икона и легенда на Реал Мадрид, Лука Модриќ би требало утре да стави потпис на договор со Милан.

Доколку е точна информацијата на еден од најрелевантните италијански новинари, Џанлука Ди Марцио, Лука Модриќ утре ќе стане фудбалер на Милан.

Спортскиот директор, Игли Таре се чини дека ќе успее да го донесе Модриќ на Сан Сиро.

Хрватот кога го добил повикот брзо заклучил дека тоа би била идеална дестинација за да продолжи да игра фудбал на највисоко ниво во пресрет на Светското првенство.