Вардар го растури Тиквеш како загревање за Пелистер!

Вардар со 32-22 го победи Тиквеш во Кавадарци во меч од претпоследното коло од македонската ракометна Суперлига, сега погледите се насочуваат кон клучниот дуел против Пелистер.

Црвено-црните не се испотија многу, мечот против Тиквеш им беше само загревање за она најважното.

Денешниот натпревар беше решен уште во првото полувреме кое Вардар го доби со 15-9. Во вториот дел само ја зголемија предноста до конечни 32-22.

Родригез со девет голови беше најдобар кај Вардар, Петриќ постигна шест. Во составот на Тиквеш Атанасовски постигна шест, Обина пет гола.

Сега целиот фокус на Вардар е на мечот во сабота кога во СЦ „Јане Сандански“ ќе го пречека Пелистер во натпревар кој ќе го реши шампионот.