
Поранешен клуб на Димитриевски му нуди шанса на Лука Модриќ да остане во Мадрид!
Договорот на 39-годишниот капитен на хрватската репрезентација со Реал Мадрид завршува на крајот од месецов, а управата на клубот од мадридската населба Ваљекас верува дека Модриќ сака да остане да живее во шпанската престолнина.
„Фалкао сакаше да живее во Мадрид и дојде кај нас. Играчите како Модриќ и Кристијано Роналдо знаат дека преку Рајо можат да останат во Мадрид, но кај нас не можат да заработуваат колку што заработуваа претходно“, изјави претседателот на клубот, Мартин Преса.
Модриќ, кој важи за најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал Мадрид, веќе 13 години живее во Мадрид. Иако се надеваше на продолжување на договорот со „кралскиот клуб“, не успеа да постигне договор со управата, па сега е во потрага по нов клуб со кој ќе се подготви за Светското првенство во 2026 година во Канада, САД и Мексико. Рајо Ваљекано има навика секое лето да ангажира слободни играчи или да добива играчи на позајмица. Во 2021 година клубот го доведе Радамел Фалкао без отштета, а оваа сезона настапуваше и 33-годишниот колумбиски играч за врска Хамес Родригез.
Хрватската легенда наскоро ќе го предводи Реал Мадрид на Клупското светско првенство во САД, по што се очекува да ја донесе одлуката за новиот клуб.
ФОТО: EPA PHOTO