
Чудо во Јужна Америка: Аргентина доби шампион за кого никој досега нема слушнато (ВИДЕО)
Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи во 63. минута, кога Гвидо Маинеро со одличен волеј од свртување ја смести топката во мрежата и донесе огромна радост на навивачите на Платенсе. Малкумина имаат слушнато за овој клуб, освен најпосветените љубители на јужноамериканскиот фудбал. Но сега, Платенсе направи нешто што изгледаше незамисливо – ја освои титулата во Аргентина.
Нивниот пат до финалето на Апертурата беше неверојатен. Откако го завршија лигашкиот дел на шестото место во групата Б, во нокаут фазата редум ги елиминираа великаните – Расинг, Ривер Плејт, Сан Лоренцо, и на крај во финалето – Хуракан. Покрај првата титула шампион на Аргентина, која претставува и прв голем трофеј во клупските витрини, Платенсе следната сезона за првпат во историјата ќе настапи во групната фаза на Копа Либертадорес.
ФОТО: EPA PHOTO