
Вардар се засили со талентиран голман од Тетекс – го потпиша на четири години!
Станува збор за 20-годишен чувар на мрежата, кој доаѓа од Тетекс, каде што ја мина минатата сезона. Зибери е поранешен член на младинските категории на Шкендија, а фудбалскиот пат го започнал во Вардар Форино.
Тој зад себе има и неколку настапи за младинските репрезентации на Македонија.