
ПСЖ десетти клуб со тројна круна, Луис Енрике втор тренер што освоил со два различни тима
Францускиот првак стана десетти тим во историјата кој ја завршил сезоната со тројна круна, односно со титули во домашното првенство, домашниот куп и Лигата на шампионите/КЕШ. Пред него, тоа им успеа на Селтик (1967), Ајакс (1972), ПСВ (1988), Манчестер Јунајтед (1999), Барселона (2009 и 2015), Интер (2010), Баерн (2013 и 2020) и Манчестер Сити (2023) со тоа што само Барса и Баерн имаат по две тројни круни.
Причини за задоволство има и тренерот Луис Енрике кој стана само втор во историјата со две тројни круни. Првата ја освои во 2015 година како предводник на Барселона, а втората вечерва, на клупата на ПСЖ со тоа што и во двата случаја, во финалето победи италијанска екипа.