Нејмар даде гол со рака и доби црвен картон (ВИДЕО)

Сантос продолжува со лошите игри и резултати оваа сезона, а првата ѕвезда во тимот Нејмар имаше голема вина за синоќешниот пораз од Ботафого со 0-1.

Во 76. минута, при резултат 0-0, бразилскиот ас постигна гол со рака по центаршут во казнениот простор што доведе до втор жолт, автоматски црвен картон и негово исклучување. Поранешниот фудбалер на Барселона и ПСЖ потоа го убедуваше судијата дека не играл со рака, но на снимката јасно се гледа дека тоа не е точно. Откако тој излезе од игра, Сантос ја загуби иницијативата, а Ботафого преку Артур во 86. минута постигна гол и дојде до победата.

Пред крајот на првото полувреме, Нејмар беше провоциран од противничките навивачи и камерите го фатија како се заканува дека ќе даде гол и ќе му ја донесе победата на својот тим. Не е исклучено мечот со Ботафого да беше последен за него во Сантос бидејќи претстои пауза поради квалификациите за СП и Светското клупско првенство, а договорот на Нејмар со клубот важи до 30 јуни.