
ПСЖ во Минхен имаше помош од „ангел на небото“ - ќерката на Луис Енрике (ФОТО)
За него ова е втора европска круна, по освоената со Барселона во 2015 година кога исто како и сега со францускиот тим дојде до т.н. „триплета“ односно победи во националното првенство и Куп заедно со ЛШ. Тогаш тој крај себе ја имаше својата најголема радост, ќерката Хана, која, за жал, четири години подоцна почина борејќи се со тешка болест.
„Мојата ќерка дојде на земјата да живее со нас 9 прекрасни години и таа засекогаш ќе биде жива зашто ја паметиме. Хана не е тука во физичка смисла, но таа ќе биде тука со нас духовно, секогаш“, изјави своевремено Енрике. ❤️🩹
Навивачите на ПСЖ му посветија еден од транспарентите на својот тренер и неговата ќерка, која им беше своевиден „ангел на небото“ на патот кон историската европска титула. Енрике самиот на прославата облече маичка со ликот на својата ќерка како го поставува знамето на ПСЖ.