
Поради глупостите на газдата на ПАО: Грчката влада го прекина финалето во кошарка!
Тие беа иницирани со однесувањето на газдата на ПАО, Димитриос Јанакопулос, кој имаше дуели со противничките навивачи, судиите, а на сопственикот на противникот му се заканувал со силување на ќерката. Ситуацијата ескалираше по победата на Олимпијакос (91-83) за изедначување на 1-1 во победи, што ја натера државата да се вклучи во обид да воведе ред.
Портпаролот на владата, Павлос Маринакис, денеска објави дека третата утакмица, планирана за среда в салата „ОАКА“ на Панатинаикос е - одложена. Тој додаде дека постои можност целата финална серија да биде откажана доколку не се воспостави безбедна атмосфера за продолжување на натпреварите.
Владата размислува и за порадикални мерки, меѓу кои и враќање на моделот од фудбалот, кога натпреварите се играа без публика поради честите инциденти. Во тек се разговори меѓу претставници на двата клуба и државните институции со цел да се обезбеди безбедност за остатокот од серијата.