
Петарда во Минхен: ПСЖ го демолира Интер – историска победа за прв трофеј во ЛШ (ВИДЕО)
„Светците“ остварија историски триумф, кој долго ќе се памети, бидејќи ја остварија најубедливата победа досега во најелитното клупско натпреварување. Прашањето околу победникот беше решено по првите 20 минути, во кои прво Ашраф Хакими, а потоа и Десире Дуе донесоа убедливо водство за францускиот тим. Виновен за двата гола беше Федерико Димарко, кој лошо реагираше и во обете ситуации.
Тинејџерската сензација Дуе го постигна својот втор погодок кон средината на второто полувреме, кога веќе почна славјето меѓу навивачите на ПСЖ, за до крајот Кварцхелија и Мајулу го поставија конечниот резултат.