Сонуваа триплета, завршија со најтешкиот пораз во историјата на финалињата во ЛШ!

Во еден момент сезоната за Интер изгледаше како да се одвива по ноти, дотолку беше добра што навивачите на нероазурите почнаа да се надеваат дека ќе го повторат успехот кој го имаа со Мурињо и ќе освојат тројна круна.

Но, работите почнаа да се рушат како кула од карти, најпрво испаднаа од купот со тежок пораз од Милан, потоа го загубија Скудетото од Наполи, а денеска доживеаа вистински дебакл во финалето од Лигата на шампионите против ПСЖ.

Момците на Симоне Инзаги истрчаа во Минхен за да ја спасат сезоната, а го доживеаа најтешкиот пораз во историјата на финалињата во Лигата на шампионите.

Досега се одиграле 70 финалиња во најважното клупско натпреварување во Европа, никој освен Интер вечерва не загубил со пет гола разлика.

Фото: EPA