
Камерите не ја покажаа најмоќната порака од фановите на ПСЖ! (ВИДЕО)
На трбината каде што беа најжешките фанови на ПСЖ постојано се случуваше нешто, имаше пиротехника, знамиња, пароли... но една од нив режисерот не сакаше да ја прикаже.
Станува збор за политичка парола, фановите на ПСЖ го кренаа гласот против израелските напади врз Палестина. Тие од почетокот на војната го промовираат нивниот став, а сега имаа шанса да го искажат на најголема сцена.
„Запрете го геноцидот во Газа“, гласеше пораката на навивачите на ПСЖ која можеби не се покажа на ТВ, но стана вирална на социјалните мрежи.
Фото: EPA