
Мбапе стисна заби и му честиташе на ПСЖ: Големиот ден конечно дојде! (ФОТО)
Минатото лето Мбапе и ПСЖ се разделија, Французинот не освои ниту еден трофеј, а неговиот поранешен клуб освои тројна круна.
Јаготката на шлагот беше вечерва кога за првпат во историјата ПСЖ го освои трофејот од Лигата на шампионите и тоа го направи во голем стил, со победа од пет гола разлика.
На Мбапе сигурно не му е сеедно, но собра сила и меѓу првите му честиташе на ПСЖ.
„Големиот ден конечно дојде! Победа со стил на целиот клуб. Честитки за ПСЖ“, напиша Мбапе.