Леверкузен го одбил Ливерпул, малку им се 130 милиони за Вирц!

Иако понудата на Ливерпул беше огромна, сепак таа не беше доволна за Леверкузен да ја прифати, црвените ќе треба да додадат уште неколку милиони за да го добијат Флоријан Вирц.

Ливерпул понуди 130 евра за Вирц, тоа беше нивна втора понуда за германскиот фудбалер, но информациите велат дека и таа им е одбиена.

Баер Леверкузен бара 150 милиони евра за својот најдобар фудбалер.

Англискиот клуб веќе ги договори личните услови со Вирц, но запнаа преговорите со Леверкузен.

Се очекува овој случај брзо да биде решен, наскоро да се знае дали Ливерпул ќе понуди повеќе или ќе се откаже.