Инзаги: Мора да покажеме срце и карактер, еден чекор нè дели од титулата!

Интер утре од 21 часот ќе се соочи против ПСЖ во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ), а тренерот на италијанскиот вицешампион, Симоне Инзаги верува дека детали ќе го решат прашањето за победникот.

Инзаги посочи дека неговата екипа е подготвена за предизвикот кој ги очекува, а сака од неговите избраници да види борбеност на теренот против францускиот шампион.

„Подготвени сме за мечот против ПСЖ. Горд сум на пласманот во финале, но еден чекор нè дели од титулата. Во овој натпревар сакам да видам срце и карактер од моите фудбалери. Сакам да видам борбеност на теренот. Мислам дека детали ќе го решат прашањето за победникот“, кажа Инзаги.

Фото: Facebook/Inter