Македонските фудбалери ги „запалија моторите“ пред дуелот со Белгија (ФОТО)
Фудбалерите тренираат во Скопје и се крои тактиката со која ќе се постават против Белгија во квалификациите за Светското првенство (СП) во 2026 година.
По дуелот со Белгија во Скопје, Македонија гостува кај Казахстан на 9 јуни од 16 часот во четвртото коло.
Македонија по два одиграни меча се наоѓа на првата позиција во групата Ј со четири бодови и подобра гол-разлика од Велс кој исто така има четири поени. По нив следи Казахстан со три бода, Белгија сè уште е без поени, а Лихтенштајн е последен без освоен бод.