
Де Хеа уште долго ќе брани за Фиорентина, потпиша нов договор!
Монако сакаше да го види Де Хеа на својот гол, но Фиорентина реагираше и му понуди долг договор. Шпанскиот голман не се мислеше многу.
Де Хеа стави потпис на договор до јуни 2028 година, што значи дека и во наредните три сезони ќе биде дел од италијанскиот клуб.