Македонија до прв триумф по 17 години: Одбојкарките го прегазија Луксембург!

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија триумфираше против Луксембург со 3-0 во сетови, односно 25-16, 25-19 и 25-24 на стартот на Сребрената европска лига, а воедно ја запишаа првата победа по пауза од 17 години на европско тло, откако претходно последен пат славеа во 2008 година над Исланд.

Македонскиот состав имаше одличен почеток на натпреварот и тргна со 25-16 во првиот сет, додека Луксембург даде поголем отпор во вториот сет, меѓутоа нашите одбојкарки со 25-19 се приближија до триумфот.

Одбојкарките на Македонија беа одлични и во третиот сет каде што стигнаа до 25-14 со што ја запишаа високата победа на стартот на Сребрената европска лига.

Најефикасна кај македонските одбојкарки беше Теа Терзиевска со 14 поени, додека Тамара Стојанова и Ана Фасулева постигнаа по осум поени.

Македонија го игра следниот меч против Швајцарија во салата „Парк“ во Струмица на 1 јуни од 20 часот.

Фото: Одбојкарска федерација на Македонија