
Шкупи остана без спортскиот директор, кризата се продлабочува!
Неџипи беше спортски директор на чаирчани од 2024 година, меѓутоа Шкупи минатата сезона разочара, а потоа порталот „Спортмани.ал“ објави дека фудбалерите не добиле ниту една плата во вториот дел од сезоната.
„Сакам да ве информирам дека заминувам од позицијата спортски директор на Шкупи. Благодарност до клубот, тренерите и фудбалерите за соработката и посветеност која ја покажаа во тешкиот период“, објави Неџипи.
Шкупи минатата сезона ја заврши на седмата позиција во Првата лига со 38 освоени бодови.