Делии го „освоија“ стадионот на Партизан и направија шоу (ВИДЕО)

Навивачката група на Црвена Звезда, Делии Север влегоа на стадионот на Партизан и направија шоу кај јужната трибина на стадионот.

На снимката која се појави на профилот на Делии на Телеграм може да се забележи како навивачите скандираат и имаат запалено факели.

Засега не е познато како успеале навивачите на Црвена Звезда да влезат на стадионот, меѓутоа овој потег дефинитивно ќе ги разбесни „Гробари“.