
ПСЖ добива трансфер битка против Реал Мадрид!?
Мастантуоно веќе некое време е мета на европските гиганти, а кај широката јавност се промовираше со прекрасниот гол кој го даде во големото дерби меѓу Ривер Плата и Бока јуниорс.
17-годишниот Аргентинец кој во август ќе стане полнолетен, најмногу се поврзуваше со Реал Мадрид, но последните информации велат дека ПСЖ ќе го добие неговиот потпис.
Наводно ПСЖ и Ривер се во конкретни преговори кои се придвижуваат кон конечен договор.
Двете страни се уште не си подале рака, но се очекува во наредните денови сите детали да бидат испеглани и фудбалерот да стави потпис за ПСЖ.
Се работи за офанзивен играч од средниот ред кој најчесто настапува на средишниот дел од теренот, но може да игра и како офанзивно десно крило.